Хојт Ји во дводневна мисија во Македонија
Американскиот дипломат, Хојт Ји во дводневната мисија во Македонија. Имаше средби со лидерите од големата четворка...

Американскиот државен секретар за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји денеска на средби со четворицата лидери потписници на Пржинскиот договор. Серијата разговори ја почна со лидерот на ДПА. Мендух Тачи изјави дека Македонија е среќна што ЕУ и САД се заинтересирани во секој момент да помогнат и затоа порача дека треба итно да започнат преговорите и четирите партии да донесат заеднички одлуки. Не се согласува со одлуката на Уставниот суд, зошто, како што рече, тоа било договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и затоа неговата партија нема да оди на собраниската седница.
„Свикувањето на Собранието треба да биде дел од договорот на четирите политички партии. Се трудиме самопринципиелно да дејствуваме политички. Прво ние не гласавме за 5-ти јули. Второ, ние не гласавме за распуштање на Парлементот“, рече Тачи.
Во седиштето на СДСМ, Хојт Ји разговараше и со лидерот на опозицијата Зоран Заев. Во текот на денот американскиот дипломат ќе оствари и средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а потоа се очекува да се сретне и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Американскиот заменик- државен секретар Хојт Брајан Ји, кој е во дводневна посета на земјава најверојатно утре ќе го соопшти ставот за актуелната полтичка состојба.
Викторија Милевска
