Могерини и Хан: Одлуката на Уставниот суд можност за враќање на договорот од Пржино

18.05.2016 16:57

Тие порачуваат дека сите партии мораат да го почитуваат договорот од Пржино, бидејќи претставува најдобрата рамка за излез од кризата.

„Одлуката на Уставниот суд е враќање на можноста за државата да се осврне на повеќе сериозни прашања, кои се во срцето на пролонгираната политичка криза. Патот напред мора да биде дефиниран од главните политички партии заедно, за земјата да се врати на евроатлантскиот пат“- ова е главната порака во заедничката пишана изјава на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан.

Тие порачуваат дека сите партии мораат да го почитуваат договорот од Пржино, бидејќи претставува најдобрата рамка за излез од кризата.

„Треба да се продолжи со работа на подготовка на кредибилни избори, како и на итните реформски приоритети преку инклузивен процес“- се вели во пишаната изјава од Могерини и Хан.

Во пишаната изјава побараа помилувањата на Иванов да се повлечат.