ИН МЕМОРИАМ- Илија Таневски
На 52- годишна возраст, ненадејно почина нашиот колега Илија Таневски, дипломиран електро инженер, раководител во Секторот ТВ - техника во Македонската телевизија. Таневски имаше незаменлива улога во процесот на дигитализацијата на Македонската радио - телевизија...

Денеска, на 52- годишна возраст, ненадејно почина нашиот колега Илија Таневски, дипломиран електро инженер, раководител во Секторот ТВ - техника во Македонската телевизија.
Повеќе од 25 години, Илија, со својата посветеност и професионалност, даде немерлив придонес во графичкото обликување на програмите на Македонската телевизија. Илија Таневски имаше незаменлива улога во процесот на дигитализацијата на Македонската радио - телевизија.
Ќе го паметиме првин како човек и колега, но и по неговата исклучителна стручност, иновативност и визионерство во сферата на телевизискиот медиум.
