Нови авиолинии од македонските аеродроми

18.05.2016 17:21

Од 20-ти мај, директен лет со Чех Ерлајнс до Прага, од јуни три пати неделно со Ер Србија до Белград, од окомври Катар Ерлајнс најави- од Скопје ќе лета кон Доха и обратно.

Со евтините авиобилети, авионскиот превоз стана прифатлив за сите граѓани. Се зголемува бројот на дестинации до кои може да се стаса од македонските аеородроми. Од 20-ти мај, директен лет со Чех Ерлајнс до Прага, од јуни три пати неделно со Ер Србија до Белград, од окомври Катар Ерлајнс најави- од Скопје ќе лета кон Доха и обратно.

На агендата, со Виз Ер и до Берлин, Копенхаген, Братислава. Нискобуџетската компанија почна да оперира со нов Ербас А321 од Македонија.

Сега од „Александар Велики“ се патува кон Барселона, Безел, Брисел, Келн, Дубаи. Надлежните најавија, годинава ќе се оперира кон 35 дестинации. Најфрекфентни се Виена, Истанбул, Цирих, Малме.

Се зголемува интересот за летање кон Женева, Осло, Хамбург. Агенциите најавија, директни чартери и до Крит.