Изложба „ДЛУМ Графика“ во домот на АРМ
28.01.2014 10:35
Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер...

Друштвото на ликовните уметници на Македонија вечер во галерискиот простор во Домот на Армијата ќе ја отвори 31-вата изложба „ДЛУМ Графика“, а Уметничкиот совет на ДЛУМ ќе ја додели наградата за најуспешно дело. Годинава на изложбата ќе учествуваат 16 уметници, а ќе бидат претставени 26 дела.
ДЛУМ соопшти дека и оваа, како и претходните 30 изложби, изобилува со современи размислувања, кои пренесени на графички лист, го носат печатот на времето.
Првата графичка изложба на ДЛУМ е организирана во 1971 година, кога наградата за најдобра графика отиде во рацете на Томислав Крмов. Од тогаш па се до денес, преку традиционалните техники на високиот и длабокиот печат, се почеста е употребата на дигиталното печатење. Својот авторски придонес го втиснале голем број ликовни уметници кои ја прават ваквата манифестација значајна за ликовната култура во Македонија.