Концесија за рекреативен риболов

19.05.2016 10:07

Распишан е јавен повик за концесионер за рекреативен риболов на акумулацијата Градче во кочанско. Концесијата трае 6 години, а идниот корисник ќе биде избран со електронско наддавање.

Концесијата за организирање на рекреативен риболов на „Акумулација Градче“ се доделува за период од шест години.

Право на учество на Јавниот повик имаат домашни и странски правни лица и рибарските здруженија.

Покрај другите документи потребно е да се достави и доказ дека барателот ја има потребната опрема за вршење на рибочуварската служба и дека ќе вработи соодветен број лица за заштита на рибите.

Критериум според кој ќе се изврши изборот  е највисокиот понуден надоместок на електронското наддавање.

Краен рок за поднесување на понудите е 30 јуни 2016 година.

 

Методија Трајков