Се урна авион на „Египет Ер“
Авион на „Египет Ер“, со 56 патници и 10 членови на екипажот, изчезнал на пат од Париз кон Каиро. Според официјалните власти на Египетската авијација, авионот се урнал. Спасувачки екипи се обидуваат да го лоцираат...

Официјалните власти на Египетската авијација соопштија дека авион на „Египет Ер“ со 66 патници и членови на екипажот кој летал на линија Париз – Каиро се урнал. Авиокомпанијата соопшти дека од авионот бил испратен повик за помош. Претходно беше соопштено дека авионот рано изутрината исчезнал од радарите над Средоземното Море, 16 километри откако навлегол во египетскиот воздушен простор.
Контролорите на грчкиот водушен сообраќај изјавија дека разговарале со пилотот додека бил во грчкиот воздушен простор, но тој тогаш не пријавил никаков проблем.
Компанијата „Египет Ер“ потврди дека меѓу патниците биле 30 египетски, 15 француски, двајца ирачки државјани, и по еден од велика Британија, Кувајт, Саудиска Арабија, Судан, Чад, Португалија, Алжир и Канада.
Грција испрати два авиона во областа каде што исчезна авионот, а во состојба на готовност се и хеликоптери за евентуална спасувачка акција.
Извори на Министерството за одбрана наведуваат дека властите ја истражуваат изјавата на капетан на еден трговски брод кој рекол дека видел „оган на небото“ во близина на островот Карпатос.
Францускиот претседател Оланд разговарал со египетскиот колега за несреќата и за откривање на околностите под кои се случила.
Марина Автовска
