Поголема безбедност на трансакциите преку интернет

19.05.2016 10:19

Соединетите Американски Држави вложуваат во нови процедури за безбедност на економските трансакции преку интернет за да се заштитат од компјутерски напади. Според првите луѓе на американското разузнавање и на трговијата, нападите преку интернет во иднина ќе станат почести во целиот свет...

Економијата во светот денеска е базирана на дигитална технологија, која има потенцијал до 2020-та година да додаде 1 трилион долари на глобалниот економски раст. 20 проценти од економските трансакции во Соединетите Американски Држави се прават преку интернет, па затоа компаниите и државните институции се цел на компјутерски напади од терористи, криминалци и држави. Првиот човек на американското разузнавање потврди дека цел на хакери биле и сајтовите на претседателските кандидати.

„Прва закана се компјутерските напади. Ова не ги намалува останатите закани со коишто се соочуваме, тероризмот, оружјето за масовно уништување итн. Тие нема да престанат, но компјутерските напади од помало и од  средно ниво се случуваа во последниве 4 години од разни сторителидваесет и четири часа дневно. За жал, тие ќе продолжати во иднина ќе се зголемат“, изјави Џејмс Клапер, директор на Националното разузнавање.

Светот во иднина ќе станува се повеќе дигитализиран, а со тоа и потребата од безбедност при користењето на интернет од страна на компаниите.

„Технолошките иновации од последниве години се само почеток на она што претстои. Производството ќе стане дигитализирано, автомобилите сами ќе се управуваат, повеќе информации ќе ги преминуваат границите на државите, па и компјутерските закани ќе станат посовршени“, изјави Пени Прицерамерикански секретар за трговија.

За да САД го задржат лидерското место во користењето на дигитализацијата, мора да направат договори со останатите држави за стандарди за заштита и размена на податоци.

„Како да ја заштитиме економијата во иднина, што е сувернитетот на информациите и што ќе значи тоа за способноста на американските компании да се напреваруваат меѓународно, во Европа и на други места. Во Европа има информатички блокади што ги запираат американските компании да се бават со бизнис. Ќе биде лошо во иднина ако не го надминеме ова“, вели Мајк Роџерспоранешен конгресмен и ФБИ агент, основач на „Мајк Роџерс центар за разузнавање и глобални работи“.

Кражбата на идентитетот, организиран компјутерски криминал и компјутерски напади од Кина, Русија, Северна Кореја и  Иран, предизвикуваат материјални штети за бизнисите и потрошувачите. Затоа американските компании и државни институции подготвуваат препораки за идниот претседател за поголема безбедност на работата преку интернетот.

Во САД има 5,6 милиони работни места за компјутерски експерти кои не можат да бидат пополнети.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ