Заложничка криза во банка во Москва
19.05.2016 10:41
Сите заложници се ослободени, и нема жртви ниту повредени.

Припадници на специјалните сили на руската полиција ликвидирале маж, кој синоќа зел заложници во банка во Москва.
Сите заложници се ослободени, и нема жртви ниту повредени. Мажот упаднал во филијала на московската „Кредитна банка“ и побарал сума од 4,7 милиони рубљи (13.000) евра.
Тој бил ликвидиран откако полицијата кај него забележала предмет, кој наликувал на експлозив.
