Брисел: Да се почитува договорот од Пржино
Сите партии мора да го почитуваат договорот од Пржино, бидејќи содржи клучни елементи кои се во интерес на земјата и на луѓето- Брисел со порака за земјава...

„Политичките лидери да се фокусираат и да го почитуваат договорот од Пржино“- Брисел со порака за земјава. Бара реформи, дијалог и враќање на евро-атлантскиот пат.
„Сите партии мора да го почитуваат договорот од Пржино, бидејќи содржи клучни елементи кои се во интерес на земјата и на луѓето. Затоа, пораката е многу јасна бидејќи посочува дека натамошниот пат треба да биде одреден од сите политички партии заедно зашто единствено разумен дијалог, вклученост, посветеност кон демократските принципи и неопходните реформи, како и нивното спроведуввање ќе ја вратат земјата на евроатлантската патека“, изјави портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич.
