Холандија: Сите страни да се ангажираат за излез од македонската политичка криза

19.05.2016 13:10

Холандија, во улога на претседавач со Советот на Европската Унија, ги повикува сите фактори да преземат одговорни, решителни и инклузивни активности, што ќе ја изведат Македонија од тековната криза, стои во дописот од Холандската амбасада во Скопје.

Во посета на Македонија се очекува да пристигне и генералниот секретар за европска соработка, Роберт Де Хроут. Најавени се средби со министерот за надворешни работи Попоски и со лидерите на четирите поголеми политички партии.

А, неговата земја Холандија, во улога на претседавач со Советот на Европската Унија, ги повикува сите фактори да преземат одговорни, решителни и инклузивни активности, што ќе ја изведат Македонија од тековната криза, стои во дописот од Холандската амбасада во Скопје.

Министерството за надворешни работи се придружува на изјавите од ЕУ и САД за спроведување на реформите, што ќе доведат до слободни, фер и демоктраски избори, непречена работа на Собранието и на Специјалното јавно обвинителство, и повлекување на аболицијата на полтичарите од страна на претседателот Иванов, се вели во соопштението.