Шведска донација во битолско училиште
Иако 37 години живее во Стохолм , Марија Росенгер инаку родена Битолчанка постојано мечтала како да помогне на својот град. Конечно желбата исполнета, а гестот и не можеше да биде похуман. Со својот сопруг Томас преку Шведската организација да се помогне едно дете на пеесетина деца со хендикеп и социјални случаеви од ОУ „Горги Сугарев“ им обезбедија во следните две години да добиваат бесплатни оброци .

- Тоа се спакувани пакетчиња во кој ке има различни кифли , јогуртчиња, сокови, овошки и уште нешто. Во различни менија оброците ке ги добиват најмалку две години вели големата хуманистка. - Марија Росенгер
- Ја подржувам Марија затоа што сакам сите да помагаме сите да мислат на ваквите деца. Ова е време кога сите треба да помагаме за да нивниот престој во училиштето биде среке вели сопругот Томас Расингер.- Томас Росенгер
Вредноста на двегодишната донација изнесува окулу 25000 евра. Иако локалната самоуправа има одредени ставки за овие категори помошта е со задоволство прифатена, затоа што за ова основно училиште насмевката на овие деца многу заначи.
- Овој оброк за нив мнугу ке знаци. Ние сме секојдневно со нив и гледаме колку се срекни вели дефектологот Алексадра Василева Чардаковска - Александра Василева Чардаковска
- Нив им трба помош во одреден период затоа што од тоа може да зависи понатамошниот нивен образовен процес, рече градоначалникот Владимир Талески.
Брачниот пар Росингер се оптимисти дека овој проект ке биде проделжен за уште три години. Но тоа ке се знае по посетата на Битола на поголемите Шведски хуманитарни организации. Ако оди по она што ние го видовме тогаш и самите ке убедат дека прават големо дело.
Стевче Митревски