Судската администрација и денеска во штрајк
19.05.2016 14:30
Синдикатот на УПОЗ најави можност да поднесе кривична пријава против првиот човек на Кривичниот суд

Судската администрација и денеска е во штрајк. Бара зголемување на додатоците на платата. Синдикатот на УПОЗ најави можност да поднесе кривична пријава против првиот човек на Кривичниот суд, бидејќи сметаат дека вршеле притисоци врз вработените, да не излезат на штрајк.
