Обновена редовната авиолинија Скопје - Прага

20.05.2016 17:22

„Чех ерлајнс“ ќе лета од Скопје до Прага секој понеделник и петок во 3:30 часот наутро...

По четири години прекин авиокомпанијата „Чех ерлајнс“ денеска ја обнови редовната линија Скопје- Прага. „Чех ерлајнс“ ќе лета од Скопје до Прага секој понеделник и петок во 3:30 часот наутро, а повратните летови ќе се реализираат од Прага секој четврток и недела навечер, во 22:25 по локално време.