Караџиќ и Младиќ пред судот во Хаг

28.01.2014 11:26

Пред судот во Хаг треба да се појават поранешните југословенски генерали...

Пред судот во Хаг треба да се појават поранешните југословенски генерали обвинети за воени злосторства, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ. 
 
Караџиќ, кој се соочува со 11 обвиненија, вклучувајќи и геноцид за масакрот во Сребреница, го повикал својот поранешен заменик Младиќ да сведочи во негова одбрана. 
 
Двајцата ќе бидат видени заедно првпат по завршувањето на војната во Босна и Херцеговина. Обајцата одрекуваат дека извршиле злосторства против човештвото.