Гласовите по пошта решавачки за новиот претседател на Австрија
Повеќе од 885 илјади граѓани побараа гласачко ливче за гласање по пошта, а бидејќи исходот на изборните места е тесен, тие 14 насто од гласачкото тело ќе речи кој ќе биде новиот претседател.

Австрија на денот на изборите не доби нов претседател бидејќи двата кандидата се речиси изедначени, поради што е неопходно да се пребројат гласовите добиени по пошта. Повеќе од 885 илјади граѓани побараа гласачко ливче за гласање по пошта, а бидејќи исходот на изборните места е тесен, тие 14 насто од гласачкото тело ќе речи кој ќе биде новиот претседател.
Според привремените прелиминарни резултати, кои ги објави министерството за внатрешни работи, кандидатот на слободарската партија на Австрија, Норберт Хофер освоил 51, 93 насто од гласовите, а независниот кандидат Александар ван дер Белен, 48, 07.
