Рекордна невработеност во Франција
28.01.2014 12:12
Невработеноста во Франција достигна рекордно ниво од 11,1 процент...

Невработеноста во Франција достигна рекордно ниво од 11,1 процент. Без работа се над 3,3 милиони Французи. Само во декември без работа останале 10.200 луѓе, иако претседателот Оланд вети дека невработеноста ќе се намали до крајот на годината.
Министерството за труд соопшти дека стапката на невработеност забавува, но економистите предупредуваат дека тоа е повеќе поради отворањето на државни работни места, отколку поради заздравувањето на економијата.
