Автопатот Миладиновци- Штип готов в година
Автопатот вреден 206 милиони евра, е во должина од 47 километри, а неговата целосна реализација се очекува да заврши за најдоцна една година...

Вкупно 95 отсто од автопатот Миладиновци – Штип се пробиени, 9,5 километри се веќе асфалтирани, а се работи и на изградба на мостовите, потпатниците, натпатниците, вијадуктите,.., рече денеска премиерот Емил Димитриев откако, во придружба на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, изврши увид во градежните работи.
Како што изјави Димитриев, автопатот вреден 206 милиони евра, е во должина од 47 километри, а неговата целосна реализација се очекува да заврши за најдоцна една година.
Изведувач на проектот е кинеската компанија „Синохидро“, додека подизведувачи се македонските „Гранит“ и „Бетон“.
Од она што можев да го видам на лице место и да го слушнам од одговорните, темпото на реализација се одвива согласно планираната динамика. Вкупниот прогрес на градба е околу 39 проценти. Со задржување на ова темпо, ќе го постигнеме планираниот рок – за една година да имаме комплетно завршен пат, истакна премиерот.
Според него, Владата истовремено работи и на уште два автопата, Демир Капија – Смоквица и Кичево – Охрид, но почна и реконструкцијата на две автопатски делници, Смоквица – Гевгелија и Куманово – Миладиновци.
