Русија: Турција доставува материјали за експлозиви на ИД
26.05.2016 10:52
Во писмото што го испрати Чуркин до генералниот секретар на организацијата Бан Ки Мун се наведува дека тие уреди се користат масовно за терористички напади.

Рускиот амбасадор при Обединетите Нации, Виталиј Чуркин тврди дека Турција доставува материјали за експлозиви на Исламска држава.
Во писмото што го испрати Чуркин до генералниот секретар на организацијата Бан Ки Мун се наведува дека тие уреди се користат масовно за терористички напади.
Според анализираните елементи на запленетите експлозиви од Ирак и Сирија, уредите биле произведени или во Турција или се испорачани во таа земја без право на понатамошен извоз.
Турција ги отфрла обвинувањата и ја обвини Русија за нова пропаганда против неа.
