Хилари Клинтон ги прекршила правилата за безбедно користење електронска пошта
26.05.2016 11:03
Таа негира дека се случил упад во приватниот сервер, нагласувајќи дека и нејзините претходници го правеле истото.

Истрага на американскиот Стејт департмент покажа дека Хилари Клинтон ги прекршила правилата за безбедно користење на електронската пошта за време на нејзиниот мандат како државен секретар на САД, Клинтон и нејзиниот тим користеле приватни мејлови за службена работа без да добијат одобрување.
Таа негира дека се случил упад во приватниот сервер, нагласувајќи дека и нејзините претходници го правеле истото.
Истрага најави и ФБИ. На Клинтон и се потребни уште 83 делегати за да победи на претседателските избори во САД.
