Инцијативата за импичмент на Иванов влегува во Собранието
За да се спроведе иницијативата во Парламентот, ќе биде неопходно двотретинско мнозинство, односно 82 гласа...

Барањето за импичмент на претседателот Иванов влегува во Собранието. На иницијативата на пратениците на СДСМ за утврдување одговорност на шефот на државата досега се потпишале повеќе од 50 пратеници. Потпис ставиле сите пратеници од ДУИ и тројца независни.
За да се спроведе иницијативата во Парламентот, ќе биде неопходно двотретинско мнозинство, односно 82 гласа. Претседателот на Собранието е должен за иницијативата да формира комисија, која за 7 дена од формирањето мора да поднесе извештај, а Законодавниот дом да заседава за една недела од поднесувањето на извештајот.
Ова значи дека пратениците ќе расправаат за импичментот на седница, а претседателот на државата може да одговори писмено или лично да се обрати пред пратениците.
