Пензионерите и ФЗО за приоритетите

28.01.2014 12:29

За потребите на пензионерите во областа на здравственото осигурување, Сојузот на пензионерите и Фондот за здравство остваруваат редовна комуникација при што договараат за приоритетите во тековната година.Од посебен интерес за пензионерите се лековите без доплата на товар на фондот, проектот електронска здравствена картичка како и проектот за превенцијата на оваа категорија граѓани. Како взаемно корисни активности и Фондот и Сојузот ги истакнуваат едукативните работилници„ФЗО на услуга на пензионерите“. Работилниците ќе се организираат во сите градови со дополнително утврдена динамика.

За потребите на пензионерите во областа на здравственото осигурување, Сојузот на пензионерите и Фондот за здравство остваруваат редовна комуникација при што договараат за приоритетите во тековната година.Од посебен интерес за пензионерите се лековите без доплата на товар на фондот, проектот електронска здравствена картичка како и проектот за превенцијата на оваа категорија граѓани. Како взаемно корисни активности и Фондот и Сојузот ги истакнуваат едукативните работилници„ФЗО на услуга на пензионерите“. Работилниците ќе се организираат во сите градови со дополнително утврдена динамика. Во подрачната служба на ФЗО во Тетово на осигурениците досега им се предадени речиси 62 картички, а околу 22 илјади немаат поднесено барање. ФЗО повика, Тетовчани да поднесуваат барања и поради тоа од 27-јануари, службата во Тетово ќе работи од 7 часот и 30 минути до 18 часот кадешто ќе се примаат барањата и ќе се дистибуираат готовите здравствени електронски картички.

Билјана Јанакиеска