Путин од утре во посета на Грција
Путин зборува за можностите за натамошен развој на партнерските односи меѓу двете земји и ја потенцира клучната улога која Русија ја одиграла во извојувањето на независноста на Грција.

„Грција е важен партнер на Русија, со неа водиме динамичен политички дијалог на повеќе нивоа и во таа смисла и на највисокото“, изјави рускиот претседател Владимир Путин за весникот „Катимерини“ пред утрешната посета на Грција.
Путин зборува за можностите за натамошен развој на партнерските односи меѓу двете земји и ја потенцира клучната улога која Русија ја одиграла во извојувањето на независноста на Грција.
Прашањето за јужните енергетски коридори кон земјите од ЕУ останува на дневен ред и покрај тоа што Москва била принудена да го запре проектот „Јужен поток“.
