Инцидент на Клиниката за радиологија поради презакажан „Мој термин“

26.05.2016 13:43

Како што соопшти МВР, причина за ваквото однесување било поради презакажан рок за „Мој термин“.

Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на Клиниката за радиологија, вчера околу 15:00 часот 46- годишниот И.И. го навредувал персоналот, физички нападнал болничар, а го искршил и стаклото од вратата на ходникот, по што интервенирало обезбедувањето.

Како што соопшти МВР, причина за ваквото однесување било поради презакажан рок за „Мој термин“.

Од страна на полициски службеници сторителот бил приведен во Полициската станица во Кисела Вода. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.