Промовирани нови 150 аудио книги за слепи и лица со оштетен вид

26.05.2016 14:48

Промовирани нови 150 наслови на аудио книги за лицата со оштетен вид. Тие се дел од проектот за изработка на 400 аудио книги, што се спроведува трета година по ред...

Поезија, класици, раскази, македонска книжевност – нови 150 наслови на аудио книги за лицата со оштетен вид. Над 340 наслови од различна тематика се достапни за нивна едукација. Претседателот на Сојузот на слепи вели, преку овој проект се подобрува и олеснува секојдневниот живот на лицата со оштетен вид.

„Еден од значајните проекти е овој прокет за снимање на аудио книги кој е од голема вредност за нашите членови, пред се за оние кои подоцна го изгубиле видот и кои што неможат да го користат црниот тисок или не го познаваат брајевото писмо“, изјави Жарко Селковски, претседател на Сојузот на слепи лица.    

На барање на лицата со оштетен вид, пред се на учениците и на студентите, министерот спасов најави снимање на нови 400-тини наслови на аудио книги. 

„Според нашите очекувања ќе започне летото 2016-тата година, а ќе заврши наредната година. За таа цел издвоивме буџет од 4,5 милиони денари. Во новите наслови од 400 аудио книги застапени се наслови од делата на изданијата „135 тома на македонската книжевност“, на македоснки, албански и турски јазик, дела од странски автори од едициите „Нобеловци“ и „Ѕвезди на светската книжевност“, изјави Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.

Аудио книги за слепите лица се достапни преку веб страната на сојузот, а можат да се најдат и во народната универзитетска библиотека. Овој проект се реализира трета година по ред.

 

Андријана Атанасовска