„Златна камера 300“ за животно дело за мајсторот на светлината Роби Милер

26.05.2016 14:56

Во септември во Битола ќе се одржи 20-то јубилејно издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ е кинематографот Роби Милер...

„Златна камера 300“ за животно дело за холандскиот и светски познат кинематограф, Роби Милер. Извонредниот креативен и уметнички опус на еден од најголемите великани- кинематографери ќе биде награден на 37-то издание на Фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“ во септември.

Роби Милер има снимено над 80 филма и 15-тина ТВ филмови. Го нарекуваат мајстор на светлината и инспирација на режисерите Вендерс, Џармуш, Фридкин. Снимил дел од најзначајните филмови од опусот на Ларс Фон Трир. Од 2010-та Милер е во инвалидска количка. Во септември, статуетката ќе и биде врачена на неговата сопруга. Првиот фестивал во светот посветен на кинематограферите веќе има и клуб на великаните со 20 лауреати на „Златна камера 300“ за животно дело.

За филмот „Спроти брановите“, пред две децении во Битола, Роби Милер ја доби Бронзената камера 300, а во 2002-ра година, специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.

Фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“, ја подготвува програма за претстојното 37-мо издание во септември.

 

Александра Перевска