Продолжува судскиот процес за случајот „Фабрика за афери“

26.05.2016 15:00

Одбраната на Закир и Имер Беќири побара да бидат презентирани доказите, односно одземените предмети од домот на Закир Беќири, кои се однесуваат на првото кривично дело, изработување и набавување оружје.

Во скопскиот Кривичен суд судски процес против Закир Беќири-Чауш, обвинет во случајот „Фабрика за афери“ за фалсификување лажни лични карти и документи.

Пред почетокот на неговото сведочење, полицајци облечени во цивил, како што посочи судијката, неовластено влегле и снимале. Бидејќи немале дозвола им наредила да ги избришат снимките, но останале во судницата.

Одбраната на Закир и Имер Беќири побара да бидат презентирани доказите, односно одземените предмети од домот на Закир Беќири, кои се однесуваат на првото кривично дело, изработување и набавување оружје.

Адвокатот Вујиќ побара овие докази да се издвојат од предметот.