Пациентот кој предизвикал инцидент на Клиниката за радиологија немал закажан преглед во „Мој термин“

26.05.2016 15:36

Од Клиниката велат, дека пациентот немал закажан термин за преглед. Претходните денови му биле извршени снимања на Клиниката, а вчера на барања на доктор требал да изврши дополнителни.

46- годишен пациент предизвикал инцидент на Клиниката за радиологија во Скопје.  Вчера попладне го навредувал персоналот, го нападнал болничарот, а го скршил и стакло од вратата. Според полицијата, ваквото однесување на пациентот било поради презакажан рок за „Мој термин“.

Од Клиниката велат, дека пациентот немал закажан термин за преглед. Претходните денови му биле извршени снимања на Клиниката, а вчера на барања на доктор требал да изврши дополнителни.

Додека чекал пациентот за доснимување, течеле прегледи на веќе закажани пациенти. Во тој момент дошол болничар од шок соба за закажување на итен болнички пациент, па пациентот мислел дека ќе биде внесен дополнителен пациент по што насилно се нафрлил врз болничарот.

Од страна на полициски службеници сторителот бил приведен, се преземаат мерки за расчистување на случајот.