Две децении редовен лет Скопје- Виена

26.05.2016 16:00

На оваа релација компанијата опслужува и по два лета дневно. Лани биле превезени над 97 илјади лица. Австриската престолнина е порта од Македонија кон Западна европа, Северна Америка и Азија...

Две децении редовен лет Виена и Скопје. Со воден мост и „Моцарт кугли“ беа пречекани патниците на „Аустриан Ерлајнс“ на скопскиот аеродром. На оваа релација компанијата опслужува и по два лета дневно. Лани биле превезени над 97 илјади лица. Австриската престолнина е порта од Македонија кон Западна европа, Северна Америка и Азија.

„Во 2015 година со нашите летови превезовме повеќе од 97.000 патници. Со своите летови од македонската метропола и со летовите кон останатите дестинации во својата мрежа, компанијата преку виенскиот аеродорм нуди идеални врски со околу 130 дестинации од 58 земји во светот“, вели Александар Толвет, регионален директор на „Аустриан Ерлајнс“.

Од Скопје преку Виена лет и до Шангај, од септември до Хог Конг, наскоро и кон Хавана. Според Флајтстартс, „Аустриан Ерлајнс“ е второрангирана во светот според точноста во реализација на летовите. Позитивно влијае и зголемениот авиосообраќај на „Александар Велики“.

„ТАВ во оваа компанија гледа сигурен партнер, кој точно, навремено и безбедно ги превезува патниците од Скопје кон европските дестинации. Истовремено, преку виенскиот аеродром им овозможува директна врска и со другите континенти“, посочува Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Се зголемува бројот на дестинации и патници од македонските аеродроми. Од јуни нова линија од Охрид до Белград, од октомври во најава со „Катар ерлајнс“ Скопје - Доха. Авионски Македонија е поврзана со 35 европски дестинации и со Дубаи.

 

Сузана Фиданска- Стоевска