Повторно настава во Јосип Броз Тито во Струга

28.01.2014 12:35

Како што ветија од општина Струга, денес беше доставена одредена количина на нафта во основното училиште Јосип Броз Тито во Струга. Секако дека со ова не се решава целиот проблем со недостатокот на нафта во основните училишта во Струга.

Како што изјави вчера советникот за образование во општина Струга се зависело од тоа какво ќе биде времето во Струга и во зависност од тоа така ќе се доставувала и самата нафта.

За разлика од него директорката на ОУ Јосип Броз Тито во Струга истакна дека не може да се работи на тој принцип затоа што секоја година во зависност од временските прилики така и се движи потрошувачката на нафта во самите училишта, што само по себе значе дека потробо е да се има доволно нафта отколку да се дојде повторно до истата ситуација како деновиве кога учениците беа принудени да отсуствуваат од часовите токму поради овој проблем.

Оваа несакана ситуација дојде токму кога после подолг временски период, темпераурите во Струга се спуштија под нулата.