Првообвинетиот во случајот „Фабрика за афери“ даде исказ во судот
Првообвинетиот во случајот „Фабрика за афери“, Захир Бекири – Чауш, даде исказ во судот. Тврдеше дека го тепале и го терале, како што рече, да признае работи кои не ги правел. Неговиот брат Имер, исто така обвинет во случајот, негираше дека печател лични карти...

Милион евра за да потврдиш дека прислушуваните разговори ти ги дал Зоран Заев, но, и да кажеш дека тој нарачал фалсификувани лични карти. Првообвинетиот во случајот „Фабрика за афери“ Захир Бекири, викан Чауш, тврди дека добил ваков предлог. Од цимерите во затвотот Идризово купил телефон, на кој како што тврди, му се јавил ирански разузнувач близок до власта и му понудил милион евра, кој како што му рекол соговорникот ќе легнеле на негова сметка штом помине приказната за личните карти. Чаушот сведочеше и дека сличен притисок му вршеле во обвинителството, каде тајно бил спроведен со фантомка на главата.
Обвинетиот Захир Бекири тврдеше дека во обвинителството шест часа го тепале и психички го малтретирале со цел да прифати да соработува на штета на опозцискиот лидер Зоран Заев. Кога одбил соработка, како што вели, му се заканиле со бетонска инекција и со затвор за целото семејство.
Чауш наброја и цела листа имиња на луѓе кои му се му се јавувале во затворот и му вршеле притисок. Ги спомена заменик министрите за правда и за труд и социјална политика, но рече и дека бил на линија и со бизнисмени и градоначалници кои му ѕвонеле за да се проверат дали ги има во снимките.
На денешното рочиште судот го сослуша и неговиот брат Имер, второобвинет во случајот кој рече дека не печател лични карти, и дека наводите во обвинението не се точни.
Претходно во судницата се создаде тензија откако двајца полицајци во цивилна облека, без дозвола се обидоа тајно да снимаат. Судијката нареди да ги избришат снимките.
Анита Димитријевска
