Политиките на пазарот на труд според потребите на работодавачите

26.05.2016 16:56

Политиките на пазарот на работна сила ќе се приспособуваат според потребите на работодавачите на регионално и на локално ниво за да се произведат кадри кои по образованието нема долго да останат невработени- велат надлежните. Порачуваат пред да се насочат, младите да проверат кои струки се дефицитарни. Недостатокот ќе се решава и со краткорочни обуки...

Идните учесници на пазарот на труд треба да бидат внимателни при изборот на средното образование за да можат полесно да најдат работа. Во пресрет на уписите, важно е на учениците да им се укаже како да изберат соодветна струка, вештина и работно место. Агенцијата за вработување, ЕУ, Германија и Литванија преку твининг - проект се обидуваат да им укажат на нови методи за наоѓање работа веднаш по завршувањето на училиштето.

Во изминатите две години се спроведени четири различни активни мерки во центрите за вработување во Битола, Куманово, Тетово и во Скопје. За секоја мерка се одвоени по 10.000 евра од Европската унија. Германската амбасадорка посочи дека посветеноста на пазарот на труд е многу важен предизвик за секоја држава.

Советникот за твининг- проектот Аксел Бургер најави дека поддршката за Агенцијата за вработување за спроведување мерки за пазарот на труд ќе продолжи утре три месеци.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска