Хан: Владата да работи на спроведување на итните реформски приоритети
„Владата во Македонија да работи на спроведување на итните реформски приоритети. Мораме да ја стабилизираме ситуацијата“- порака од еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. Побара Специјалното јавно обвинителство да се остави да продолжи со работата...

Надминување на политичката криза во Република Македонија преку одржување на фер и кредибилни избори е целта на меѓународното медијаторство, истакна еврокомесарот Јоханес Хан на неформалната средба со медиумите во Брисел. Во тој контекст, комесарот за преговори за проширување иницира формирање на независно меѓународно тело кое ќе го проверува квалитетот на изборните листи пред одржување на изборите.
Во врска со најновите случувња во нашата земја, Хан истакна дека нема да навлегува во детали околу тоа дали ќе има или пак не, техничка влада.
За него е важно што Груевски и Заев контактираат.
„Која и да е влада за нас од посебно значење е таа да работи на спроведување на урегнтните реформи кои произлегуваат од извештајот на Прибе како и да се обезбеди поддршка на СЈО. Формирање и ефикасна работа на Специјалното јавно обвинителство е еден од суштинските елементи на догововорот од Пржино“- истакна еврокомесарот Хан на неформалната средба со медиумите во Брисел, а во контекст на аболицијата на председателот Иванов која според Хан, ја оневозмозува работата на СЈО.
„Аболицијата е неприфатлива и жалиме што кога Уставниот суд донесе одлука со која ја овозможи ова мерка, нас ни беше речено од страна на претседателот дека таа нема да се примени. Само две или три недели подоцна претседателот ја донесе таа одлука. Тоа не е добра контрибуција за неговиот кредибилитет“, изјави Хан.
Спред него, доколку аболицијата не биде повлечена, истата ќе предизвика последици врз државата во однос на евроатланската перспектива, и ја доведува во прашање идната препорака на Република Македонија за одпочнување на преговори за членство во Унијата.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
