Собраниска комисија за предлогот за импичмент на Иванов
Имињата на новата комисија, пратеничките групи треба да ги предложат најдоцна до 13 часот, за кога е закажана седница на Комисијата за избори и именувања, која пак ќе треба да го утврди конечниот состав.

Во Собранието треба да биде формирана комисија која ќе реши дали се оправдани аргументите на СДСМ кои побараа отповикување на претседателот Иванов. Имињата на новата комисија, пратеничките групи треба да ги предложат најдоцна до 13 часот, за кога е закажана седница на Комисијата за избори и именувања, која пак ќе треба да го утврди конечниот состав.
Доколку Комисијата донесе заклучок дека аргументите на потпишаните пратеници за утврдување одговорност на Иванов, се оправдани, за нив ќе расправаат и пратениците на седница, но одлуката мора да биде донесена со двотретинско мнозинство, односно со 82 гласа „ЗА“.
Комисијата ќе брои 11 члена и ќе го отсликува составот на Парламентот. На иницијативата се потпишани 50-ина пратеници од СДСМ и коалициските партнери, 16 пратеници од ДУИ, независните пратеници, како и Лилјана Поповска и Павле Трајанов.
