Кожув сака реприза против Левски

28.01.2014 12:42

Кошаркарите на Кожув денеска од 17.30 (пренос МРТ 1) ќе го пречекаат Левски во Балканската лига. За македонскиот претставник ова е исклучително значаен натпревар во трката за пласман во елиминацискиот сегмент од БИБЛ друштвото. Гевгелискиот состав досега оствари четири победи, а загуби петпати, а со ваков биланс е во трка за пласман од третата до шестата позиција по лигашкиот дел од сезоната.

Левски е четврти со шест успеси и три порази на досегашните девет средби, а тоа му овозможува да се надева и на првите две места што обезбедуваат автоматско учество на завршниот турнир за титулата.

На домашен паркет сезонава Кожув има две победи и три порази. Ги совлада Пеќ и Крајова, а не успеа да се радува против Балкан, Галил Гилбоа и против Приштина. Ако сака да ја оствари проектираната цел, односно да биде дел од четвртфиналето, нашата екипа треба да го подобри остварувањето пред своја публика. Левски е силен состав, но не е непобедлив, а гевгеличани тоа го покажаа на првиот меѓусебен дуел во Софија кога славеа убедливо со 84-71. Бугарскиот тим претрпе порази и на гостувањата кај Крајова и кај ривалот од домашното првенство Балкан.

Дербито на оваа рунда од Балканската кошаркарска лига ќе можете да го гледате на првиот канал на Македонската телевизија, некоја минута пред 17 и 30.