Искористени 8 милиони евра од ИПАРД 1

27.05.2016 10:00

Од ИПАРД 1 досега 800 земјоделци искористиле 8 милиони евра. Се очекува да се склучат уште 400 договори за нови инвестиции и проекти за дополнитени 4,5 милиони евра од европските пари...

Заврши користењето на европските пари наменети за земјоделците од ИПАРД 1 Програмата. Искористени се само 15 проценти од средствата или скоро 12,5 милиони евра.  

Парите кои беа наменети за преработувачите не се потрошија целосно. Тоа е мерка со најголем потенцијал, наменета за преработувачите на овошје и зеленчук, на млеко и месо и за откупните центри.

Дел од овие средствата ќе бидат пренаменети за финансирање за набавка на механизација за која има повеќе барања од предвидените пари.

Во ИПАРД 2 се предвидени 80 милиони евра.

Доколку има повеќе барања средствата ќе можат да се прераспределуваат од една во друга мерка.

За септември е планиран првиот оглас од ИПАРД 2 програмата на кој ќе можат да аплицираат и производителите на житни култури.

 

Методија Трајков