Обама во историска посета на Хирошима

27.05.2016 11:10

Според Обама, посетата ќе докаже дека и некогашните непријатели може да станат најсилни сојузници.

Американскиот претседател Барак Обама ќе ја посети Хирошима каде што САД ја фрлија првата атомска бомба во 1945 година.

Од Белата куќа соопштија дека нема да се извинат за нападот, но ќе им оддадат чест на жртвите од Втората светска војна.

Според Обама, посетата ќе докаже дека и некогашните непријатели може да станат најсилни сојузници.

Во нападите на Хирошима и Нагасаки загинаа над 200 илјади луѓе.