Си замина Хосе Емилио Пачеко
28.01.2014 12:42
Еден од најголемите мексикански и светски поети и писатели...

Почина Хосе Емилио Пачеко, еден од најголемите мексикански и светски поети и писатели, добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата (СВП) за 2013 година.
Пачеко е роден во Мексико Сити во 1939 година. Предавал книжевност на многу универзитети во Јужна Америка, САД и Канада. Бил член на Мексиканската академија на јазиците. За своето исклучително поетско творештво многукратно е наградуван, а лауреат е и на големата награда „Сервантес“.
„Горди сме на тоа што имавме една таква прекрасна личност и творец за лауреат на најпрестижната светска награда за поезија. Неговото поетско дело ќе продолжи да живее и низ препевот на македонски јазик“, велат организаторите на СВП.