Од 1-ви јуни уверенија и потврди во Кривичниот суд на еден шалтер
27.05.2016 13:13
Од судот велат дека промените се воведуваат на барање на граѓаните, кои повеќе нема потреба да одат на две различни места за да завршат работа...

Од 1-ви јуни, сите уверенија и потврди од казнената и од кривичната евиденција ќе се поднесуваат и издаваат на еден шалтер во зградата на Основниот суд Скопје 1.
Досега, во одделот за прекршоци во граскиот парк имаше можност да се добијат уверенијата дека не е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност, како и други уверенија од прекршочната евиденција.
Од судот велат дека промените се воведуваат на барање на граѓаните, кои повеќе нема потреба да одат на две различни места за да завршат работа, што претставуваше и дополнителен товар за странките.
