Почна изградба на три мостови во Општина Аеродром

27.05.2016 13:19

Со изградбата на овие три мостови се очекува значително да се подобрат условите за живот на граѓаните во овој дел на Општината, а секако и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска официјално го означија почетокот на изградба на три мостови на Усјанскиот канал во Горно Лисиче.

Првиот мост се наоѓа на улицата „Ѓорѓи Капчев“, а другите два на улицата „Божин Николов“.

Мостовите ќе се изградат во должина од по 10 метри, а широчина од по 8 метри, вклучувајќи по две коловозни ленти и тротоари од двете страни, како и заштитна метална ограда.

Со изградбата на овие три мостови се очекува значително да се подобрат условите за живот на граѓаните во овој дел на Општината, а секако и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Изградбата на трите мостови, која се очекува да заврши за три месеци, целосно ќе се покрие од Буџетот на Општина Аеродром, за што се обезбедени средства во висина од 8 милиони денари.