Паника на аеродромот во Токио
Поради инцидентот, властите решија привремено да го затворат аеродромот. На телевизиските снимки се гледа како пожарникарите го гаснат пожарот на мотор на боинг 777 на пистата.

Повеќе од 300 патници и членови на екипажот беа евакуирани денеска од авион на јужнокорејска компанија откако му се запалил левиот мотор додека леталото се подготвувало за полетување од аеродромот Ханеда во Токио.
Поради инцидентот, властите решија привремено да го затворат аеродромот. На телевизиските снимки се гледа како пожарникарите го гаснат пожарот на мотор на боинг 777 на пистата.
Авионот требало да слета во Сеул, главниот град на Јужна Кореја.
Нема информации за повредени лица, иако 30-ина патници се пожалиле дека не се чувствуваат добро. Евакуирани биле вкупно 302 патника и 17 членови на екипажот.
Аеродромот Ханеда е еден од најмежежните во светот. Дневно се изведуваат околу 550 летови, а минатата година преку него минале околу 75 милиони патници.
Марина Автовска
