Хајндл: Договорот од Пржино е клучот за решение на кризата
Според Хајндл, Владата мора да биде составена на начин што ќе создаде предуслови за одржување фер и слободни избори, како и одлучно спроведување на договорените реформи.

Германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, порачува дека договорот од Пржино е клучот за решение на кризата. Во писменото интервју за „Дојче Веле“, обајвено денеска, Хајндл вели: „Сакаме да ѝ помогнеме на земјата да излезе од кризата, но патот мора самата да го изоди, а тоа значи дека сите политички актери мораат заеднички да работат и во прв план да ги стават интересите на својата земја. Решенијата произлегуваат од договорот од Пржино, кој дава јасни параметри за кои партиите се обврзаа минатото лето“ – вели германецот.
Според Хајндл, Владата мора да биде составена на начин што ќе создаде предуслови за одржување фер и слободни избори, како и одлучно спроведување на договорените реформи.
Хајндл смета дека претседателската аболиција треба да биде повлечена, за осомничените во врска со скандалот со прислушувањето да бидат кривично – правно повикани на одговорност, а Специјалното обвинителство непречено да си ја извршува својата работа.
Хајндл додава и дека е убеден оти нивните македонските партнери ќе најдат пат за враќање на земјата на евро-атлантската патека.
