Потпишан меморандум за превенција и справување со шумски пожари

27.05.2016 14:26

Директорот на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџоски на потпишувањето рече дека основна цел е превентивната заштита бидејќи со неа се доаѓа до поголем ефект и брзото делување на терен во ситуација кога има шумски пожари.

Временските прогнози најавуваат жешко и сушно лето. Македонски шуми и Противпожарниот сојуз го вкучија алармот, заедно на терен ќе делуваат за навреме да спречат ширење на шумските пожари. Оттаму велат и дека за осум години, преку акцијата „Ден на дрвото“ биле засадени околу 40 илјади садници.

Директорот на ЈП „Македонски шуми“  Жарко Караџоски на потпишувањето рече дека основна цел е превентивната заштита бидејќи со неа се доаѓа до поголем ефект и брзото делување на терен во ситуација кога има шумски пожари.

Потенцира дека „Македонски шуми“ веќе е во подготовка на проект за тренинг центар за обука за специјални ситуации кога има шумски пожари, формирање на три регионални центри со специјални единици обучени за брза интервенција на терен и специјални возила цистерни. Таков центар веќе има во Кавадарци и е планирано да се прошири во уште два регионални центри.

Претседателот на Противпожарен сојуз на Македонија, Никола Николов, рече дека потпишувањето на меморандумот претставува официјализирање на досегашната соработка, што вклучува активности од превентивна заштита, односно подигање на јавната свест во однос на заштита на шумите од пожари, подготвителни мерки за вработените и волонтерите во случај на пожар и соработка во гаснење на шумските пожари.