Даниелсон: Договорот од Пржино е најдобриот начин за излез од кризата

27.05.2016 15:04

Европската унија е сериозно загрижена во однос на ситуацијата во земјата. Политичките лидери и релевантните власти мораат итно да ја адресираат ситуацијата во интерес на граѓаните, порача директорот на Директоратот за проширување, Даниелсон...

Политичките лидери мора да ги почитуваат договорот од Пржино и основните принципи на владеењето на правото, одговорноста и кредибилни избори- клучни за решавање на политичката криза, порача директорот на Директоратот за проширување на ЕК, Кристијан Даниелсон по средбите со политичките лидери, со Специјалното обвинителство и со амбасадорите на земјите членки на ЕУ.

Европската унија е сериозно загрижена во однос на ситуацијата во земјата. Политичките лидери и релевантните власти мораат итно да ја адресираат ситуацијата во интерес на граѓаните и со цел земјата да се врати на евроатлантскиот пат. Договорот од Пржино е од исклучителна важност и политичките лидери треба да го почитуваат она што го договорија, рече Даниелсон.

Според Даниелсон, аболицијата од претседателот Иванов треба да биде повлечена.