Триото маскоти суперпопуларно!
Симпатичниот зајак, поларната мечка којашто потсетува на Олимпијадата во Москва и реткиот снежен леопард Амур се синоним и вечно ќе потсетуваат на 22-те Олимиските зимски игри во Сочи. Првпат во историјата, маскотите ги избра народот, а не Организацискиот комитет на игрите којшто со задоволство ја прифати идејата затоа што ги потврдува олимписките принципи на пријателство, почит и тежнеењето кон совршенство и потсети дека во Атина беа две, во Пекинг пет, а во Ванкувер три.

Во изборот по пат на смс пораки на којшто учествува десет решенија, а соопштувањето на конечните резултатите беше директно емитувано на руската национална телевизија, снежниот леопард собра најмногу 28, мечката 18, зајакот 16 проценти од гласовите. Со податокот дека е ретка врста животно и со своите дамки, снежниот леопард веднаш ги собра симпатиите, па дури и на рускиот претседател Владимир Путин. Од 2009 во кавкаскиот регион во близина на Сочи постои специјална програма за заштита и обновување на популацијата на снежниот леопард.
Маскотата е идеа на Вадим Пак, Русин чиишто родители се по потекло од Јужна Кореја и биле префрлени во ненаселените подрачја во времето на некогашниот Советски сојуз. Креаторот на снежниот леопард како маскота Пак, потенцира дека Амур ги симболизира храброста и победатта на спортистите. За популарноста на триото маскоти потврдува фактот дека од 2011-та година веќе се продадени околу два милиона примерока.