До септември целосно ќе се реновира болницата во Прилеп
27.05.2016 15:53
Зафатот на темелната реконструкција по одделенија е по 30-ина години и чини 70 милиони денари...

До септември целосно, внатрешно ќе се реновира прилепската градска болница. Зафатот на темелната реконструкција по одделенија е по 30-ина години и чини 70 милиони денари.
Сега готово е детското одделение и веќе има пациенти, нагласи при денешната посета министерот за здравство Никола Тодоров.
Надлежните од болницата велат дека се екипираат и кадровски. 18 лекари се на специјализација дома, 3 во Белград и уште 6 специјализанти се со кофинансирање.
