Ива Битова и Сен Жермен за старт на ОФФ-Фест

27.05.2016 16:01

До 30-ти мај на фестивалот ќе бидат изведени уште шест концерти.

Со соло- концерт на чешката пејачка и виолинистка, Ива Битова, вечерва во киното „Фросина“, почнува 15-тото издание на ОФФ- Фест. До 30-ти мај на фестивалот ќе бидат изведени уште шест концерти.

Во вториот концертен термин е гостувањето на францускиот бенд Сен Жермен. Лудовик Навар, на сцената се враќа по 15 години од објавата на албумот Турист со кој се прослави во светот.

Во наредните три дена, на ОФФ- Фест ќе настапат: Саул Вилијамс од Лос Анџелес, бендот Батида,  Пет Томас и Квашибу ареа бенд, како и бразилска пејачка и гитаристка Бади Асад.

Годинашниот ОФФ- Фест ќе го затвори италијанскиот бенд „Канцониере Греканико Салентино“.