Расправа за составот на комисијата за импичмент на Иванов
Во Собранието, расправа за составот на комисија за предлогот за импичмент на претседателот Иванов. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе гласаат против постапката за утврдување одговорност, сметаат дека Иванов го нема прекршено Уставот. За СДСМ- станало јасно оти зад аболицијата стои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски...

Расправија меѓу власта и опозицијата за составот на членовите на Комисијата за разглдување на иницитаивата за импичмент за претседателот Иванов. СДСМ негодува поради тоа што во неа има многу пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ДУИ велат дека формирањето на Комисијата нема да има ефект со оглед што нема да се постигне двотретинско мнозинство потребно за успех на иницијативата.
„Иванов не го прекрши Уставот без разлика на тоа дали одлуката за аболиција ни се допаѓа или не“ е ставот на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката група ќе гласа против постапката за импичмент.
ДПА смета дека формирањето на новата комисија и оценката во извештајот за Иванов, е игра на ДУИ.
По формирањето на Комисијата, следува расправа со аргументите „за“ и „против“ за отповикување на Иванов од претседателската функција.
Миле Ристески
