Обама ја зголемува минималната плата

28.01.2014 13:13

На денешното обраќање кон нацијата претседателот на САД, Барак Обама...

На денешното обраќање кон нацијата претседателот на САД, Барак Обама, ќе ја искористи неговата ексклузивна моќ за да ја зголеми минималната плата од 10,10 долари на час за работниците кои имаат нови договори за соработка  со владата, со што ќе исполни едно од главните барања на либералите, објави „Вашингтон пост“.

„Американците кои напорно работат, од  хигиеничарите до градежните работници кои што работат по новите федерални договори ќе имаат благодат од оваа одлука“, стои во соопштението на Белата Куќа.

Обама исто така ќе го возобнови неговиот повик до Конгресот за да се изгласа законот за покачување на минималната плата на федерално ниво, од 7,25 долари на час, на 10,10 долари на час до 2015 година.