Ракомет - Лига на шампиони
Лазаров во идеалниот тим
27.05.2016 21:28
Како најдобар десен бек е и македонскиот репрезентативен капите, Кире Лазаров...

Крајот на 56-та сезона во елитното ракометно натпреварувањеа, го одбележа изборот на идеалниот тим.
Во него, како најдобар десен бек е и македонскиот репрезентативен капите, Кире Лазаров. Во најдобрите седум во 23-та сезона на Лигата на шампионите се и голманот на Кил, Ландин, левото крило на Кјлеце, Штрлек, левиот бек на Веспрем, Илиќ, плејмејкерот Бомбач од Сегед, пивотменот на Брест Мешков, Стојковиќ и десното крило на Вепрем, Маргуч.
Дефанзивец број еден е Шуч од Веспрем, најуспешен млад ракометар, Ѓукиќ од Бешикташ, а Сабате од Веспрем е избран за најдобар тренер.
